брашно
(едн.) брашното
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2049
1.
Производ добиен со мелење на житни култури.
Примери:
Пченично брашно.
Пченкарно брашно.
Ржано брашно.
Вид: намирници (само мн.)
2.
Производ во вид на брашно добиен со мелење на суровини од растително, животинско и минерално потекло.
Албански:
miell, pluhur
Кокосово брашно.
Рибино брашно.
Коскено брашно.
Изрази
Си легна на брашното - се помири со дадена ситуација.
За чисто брашно - така, без причина, за ништо.
Се смее како луд на брашно - без причина.
Не меле брашно со некого - не се согласува со некого.