брбори
брборат; брборете; брборев, брбореа; брборел; брборен; брборејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 16055
1.
Зборува многу, сѐ и сешто, за сѐ и сешто.
Примери:
Таа везден брбори со сосетките.
Слично со:
дрдори (несв.)
2.
Жубори, ромони, тече со жуборење.
Примери:
Браздата брза и бистра брбори.
Слично со:
жубори (несв.)
3.
Жабурка, со дување или на друг начин прави меури во вода испуштајќи специфичен звук.
Примери:
Децата со сламки од жито брбореа, испуштајќи меури во чашите.
Слично со:
жабурка (несв.)
Изведенки
брборење ср.
глаг. им.
глаг. им.