бреме
мн. бремиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 6517
1.
Тежок товар што го носи еден човек.
Примери:
Девојките дрварки слегуваат од планина со бремиња дрва.
2.
тешкотија
Примери:
Кога го чу тоа на состанокот, од душата му се симна тешко бреме.
Изрази
Иде време, носи бреме - секое време си има свои тешкотии.