а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брои

бројат; број, бројте; броев, броеја; броел; броен; броејќи; бројав, бројаа, броив, броија; бројал; броил; бројан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2560
1. Изговара броеви по ред.
Англиски: count Албански: numëroj
Примери:
Тој ги броеше ударите на градскиот часовник.
Таа брои до сто на македонски, на турски и на грчки.
2. Утврдува колку единици има во едно множество.
Англиски: count Албански: numëroj
Примери:
Брои пари.
3. Содржи, има, се состои од определен број.
Англиски: comprise Албански: përmban
Примери:
Селото брои 200 куќи.
Изрази
Селаните не го броеја за жив - не го почитуваа.
Ребрата/коските му се бројат - многу е слаб.
Му ги брои залаците - гледа некого колку и што јаде.
Си ги брои нозете/стапалките - оди многу бавно.
Изведенки
броење ср.
глаг. им.