а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бумбар

мн. бумбари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12336
Инсект од видот на тврдокрилци, со топчесто, влакнесто тело што брмчи при летањето.
Англиски: beetle
Употреба: Зоологија
Примери:
Одвреме навреме ќе залуташе бумбар или оса или пчела или некој од оние инсекти што упорно и непрестајно брмчат.
Покрај изворот, на расцутениот бозел децата фаќаа мајски бумбари.
Изрази
Му влегле бумбари во глава - не му се јасни работите, нешто му брчи во главата.
Му ја полни главата со бумбари - му сугерира лоши работи.
Изведенки
бумбарче ср.
мн. бумбарчиња
дем.