а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

буричка

буричкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7017
1. Меша нешто.
Англиски: stir Албански: përziej, llokoçisë
Примери:
Домаќинката го буричка бакрданикот над огнот.
2. пребарува, испревртува
Англиски: search Албански: kërkoj, përziej
Примери:
Таа буричкаше низ пелените.
3. (се буричка) се меша, се испревртува
Англиски: stir Албански: përzihet, kërkohet
Примери:
Во шеметна брзина се буричкаше во неговата глава несредено шумен свет од викотници.
4. (се буричка) Ми (ти, му...) се лоши, ми се повраќа.
Англиски: throw up Албански: përzihet
Примери:
Под лажичката ѝ се буричкаше.
Изведенки
буричкање ср.
глаг. им.