василичар
мн. василичари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 57516
(обично во мн.) Преправени, маскирани момчиња кои спроти Нова година, на 14 јануари по новиот календар, одат по домовите, играат разни игри и прават шеги во врска со празникот.
Англиски:
masquerade
Василичарите до последен момент ги кријат едни од други маските, со што се подгрева карневалската магија во Вевчани.
Слично со:
бабар (м.)