а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ведрина

(едн.) ведрината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5224
1. Безоблачност, чистота, синило на небото.
Англиски: brightness Албански: shndrit
Примери:
Ведрина полна со сонце се истури над градот.
2. радост, веселост, спокојство
Англиски: joy Албански: gëzim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со својата ведрина тој секогаш умееше да ја расположи дружината.
3. самодоверба, оптимизам
Англиски: self-confidence Албански: vetëbesim
Примери:
Периодот кога се вратив од војска беше исполнет со многу илузии и ведрина.
Изведенки
ведринка ж.
дем.