а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

век

мн. векови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 262
1. Време од сто години како целина.
Англиски: century Албански: shekull
2. период, епоха
Англиски: period Албански: periudhë
Примери:
Век на технолошка револуција.
3. Траење на животот на човекот, должина на животот.
Англиски: lifespan Албански: jetëgjatësi
Примери:
Остарев, а никогаш во мојот век не сум се изнаслушал песни како овие години.
Секое живо суштество има свој век.
4. Траење, постоење на нешто.
Англиски: duration Албански: kohëzgjatje
Примери:
За жал, печатницата Синаитски немаше долг век.
5. свет, народ
Англиски: world Албански: bota
Примери:
Што ли ти нема по веков!
Секакви луѓе има на овој век!
Изрази
Златен век - епоха на благосостојба и напредок.
Среден век - време од паѓањето на Западната Римска Империја до падот на Цариград и откривањето на Америка (од V до XV век).
За век и веков - за сите времиња, засекогаш.
Цел век - многу долго време, одамна.
Со векови - долго време.
Од векови - одамна, од памтивек.
На оној век - во животот по смртта.
Назад од векот - заостанат, не е во тек со времето.
Се сврте векот - се промени светот, животот.