вел
мн. велови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 15274
1.
Парче тенка, прозрачна ткаенина со која жените си го покриваат лицето.
Слично со:
превез (м.)
2.
Тенка, прозрачна, мрежеста ткаенина.
Примери:
Поради спуштениот вел на нејзината шапка, тој не можеше да погоди што се случило внатре.
Слично со:
тил (м.)
3.
Нешто што ја крие стварноста, што го спречува сознавањето.
Примери:
Тој го надживеал своето време и велот на заборавот не може да го избрише од страниците на новата литература.
Слично со:
илузија (ж.)