величина
мн. величини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5190
1.
Тој или тоа што е од извонредна вредност и значење, што е со врвни достоинства, што предизвикува почитување, восхит.
Примери:
Тоа што не го видоа неговите современици беше токму неговата величина.
Јас уживам во твојата величина и се гордеам што имам за другар толку голем човек.
2.
Општо име за количествен однос меѓу математички или физички објекти (должина, маса, време).
Слично со:
димензија (ж.)