а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вети

ветам; ветат; ветија; ветил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2003
1. Даде збор, се задолжи дека ќе исполни нешто.
Англиски: promise Албански: premtim
Примери:
Тој им вети на децата дека ќе им купи учебници.
2. Даде завет, заветува некого или нешто.
Англиски: swear Албански: betohem
Примери:
Татко ми ме вети на манастирот Прилепец.
3. (се вети) Се заветува некому или на нешто.
Англиски: devote Албански: kushtoj
Примери:
Јас сум се ветил на манастирот.
Ние сме и се ветиле на татковината.
Изведенки
1. ветува несв.
ветуваат
2. ветување ср.
ветувања
Пример: празни ветувања
3. ветувач м.
мн. ветувачи