вечер
мн. вечери
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1075
1.
Времето од зајдисонце до полна темница, првите часови на ноќта.
Примери:
Во долгите зимски вечери седеа крај огништето и раскажуваа приказни.
2.
Вечерна приредба, забава, настан што се случува навечер.
Примери:
Струшки вечери на поезијата.
матурска вечер
Вечерта ќе треба да чекаат Бадна вечер.
книжевна вечер
Изрази
Добра вечер - поздрав.