а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вжешти

вжештат; вжештил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18969
1. Загрее на висока температура.
Англиски: heat up Албански: nxehë
Примери:
Јулското сонце ги беше вжештило асфалтните улици.
2. разгневи, распали, разлути
Англиски: anger Албански: nxehë, hidhëron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја вжешти атмосферата во салата.
3. (се вжешти) Се загрее до вжештување.
Англиски: heat up Албански: nxehë
Примери:
Се вжештил плочникот.
4. (се вжешти) се разгневи, се распали, се разлути
Англиски: rage Албански: tërbohem, nxehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чорбаџијата се вжешти целиот.
Изведенки
1. вжештува несв.
(се) вжештуваат
2. вжештување ср.
глаг. им.