вилает
мн. вилаети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5505
1.
Област во Турското Царство со која управувал валија.
Примери:
Битолски вилает
2.
крај, област, роден крај
Примери:
Еве го мојот вилает, веќе го слушам лавежот на кучињата.
Штрковите напролет се враќале во нашиот вилает.
Изрази
Темен вилает - земја под ропство.