а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

висок

високи
Вид збор: Придавка
Ранг: 466
1. Долг во вертикален правец, што е со голем раст, што има голема раздалечина оддолу нагоре.
Англиски: tall Албански: i gjatë
Примери:
Тој е повисок од сите во класот.
највисока зграда во градот
високи балкони
Околу куќата имаше висок плет.
2. Што има димензии по вертикала поголема од просечните.
Англиски: high Албански: i lartë
Примери:
високо чело
високи потпетици
висок раст
3. Што има точно одредена димензија, изразена со мерна единица.
Англиски: high Албански: i lartë
Примери:
Таванот е висок 3,20.
Кошаркарот беше висок 2 метра и 15 сантиметри.
Карпата беше висока преку сто метри.
4. Што е многу оддалечен, што се наоѓа далеку во височината од земјата или од некоја друга површина.
Англиски: distant Албански: i largët
Примери:
Авионот леташе високо над облаците.
Небото беше чисто, високо, сино.
5. Што е, што се наоѓа на некоја височина.
Англиски: high Албански: i lartë
Примери:
На високите планини сè уште имаше снег.
Куќата беше на една висока тумбарка.
На повисоките места провејува слаб снег.
6. Што се одликува со висина.
Англиски: lofty Албански: i lartë
Примери:
висок човек
висока планина
7. Што е над другите по ранг, по степен.
Англиски: high Албански: i lartë
Примери:
Највисокото партиско раководство донесе одлука.
највисоките органи на власта
високо научно звање
највисок орган на управување
висока уметничка школа
висок гостин
8. Чиешто својство е изразено во голема мера, во голем степен.
Англиски: high Албански: i lartë
Примери:
висок тираж
високи цени
висока продуктивност
висок стандард
висока цел
висока температура
висок крвен притисок
висок напон
висока политичка свест
Оваа манифестација има високо реноме во светот.
Романот е со високи уметнички достоинства.
Изрази
Висока печка - печка во технологијата на железо и други метали.
Живее на висока нога - живее богато.
(посл.) Угоре високо - удолу длабоко - безизлезна ситуација.
Зборува на (од) високо - се прави важен, си придава важност.
Изведенки
височок прид.
височкиот
дем.