висок
  
     
     
  
  
      
          
             високи
          
      
    
    
    
      Вид збор: Придавка
    
    
	    
	      Ранг: 463
	    
	
    
    
      
          1.
          Долг во вертикален правец, што е со голем раст, што има голема раздалечина оддолу нагоре.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој е повисок од сите во класот. 
	              
	            
	          
	            
	              највисока зграда во градот
	              
	            
	          
	            
	              високи балкони
	              
	            
	          
	            
	              Околу куќата имаше висок плет.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  низок (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Што има димензии по вертикала поголема од просечните.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              високо чело
	              
	            
	          
	            
	              високи потпетици
	              
	            
	          
	            
	              висок раст
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Што има точно одредена димензија, изразена со мерна единица.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таванот е висок 3,20.
	              
	            
	          
	            
	              Кошаркарот беше висок 2 метра и 15 сантиметри.
	              
	            
	          
	            
	              Карпата беше висока преку сто метри.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Што е многу оддалечен, што се наоѓа далеку во височината од земјата или од некоја друга површина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Авионот леташе високо над облаците. 
	              
	            
	          
	            
	              Небото беше чисто, високо, сино.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  оддалечен (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Што е, што се наоѓа на некоја височина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На високите планини сè уште имаше снег. 
	              
	            
	          
	            
	              Куќата беше на една висока тумбарка. 
	              
	            
	          
	            
	              На повисоките места провејува слаб снег.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Што е над другите по ранг, по степен.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Највисокото партиско раководство донесе одлука.    
	              
	            
	          
	            
	              највисоките органи на власта
	              
	            
	          
	            
	              високо научно звање
	              
	            
	          
	            
	              највисок орган на управување
	              
	            
	          
	            
	              висока уметничка школа
	              
	            
	          
	            
	              висок гостин
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  важен (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          Чиешто својство е изразено во голема мера, во голем степен.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              висок тираж
	              
	            
	          
	            
	              високи цени
	              
	            
	          
	            
	              висока продуктивност
	              
	            
	          
	            
	              висок стандард
	              
	            
	          
	            
	              висока цел
	              
	            
	          
	            
	              висока температура
	              
	            
	          
	            
	              висок крвен притисок
	              
	            
	          
	            
	              висок напон
	              
	            
	          
	            
	              висока политичка свест
	              
	            
	          
	            
	              Оваа манифестација има високо реноме во светот.
	              
	            
	          
	            
	              Романот е со високи уметнички достоинства.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Висока печка - печка во технологијата на железо и други метали.
          
      
        
          
            Живее на висока нога - живее богато.
          
      
        
          
            (посл.) Угоре високо - удолу длабоко - безизлезна ситуација.
          
      
        
          
            Зборува на (од) високо - се прави важен, си придава важност.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          височок прид.
височкиот
дем.
          
          
        
      
    
височкиот
дем.
 
   
         
	        