вкопа
вкопаат; вкопал; вкопан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9149
1.
Зарие, стави, намести нешто со долниот дел во земјата или во друга маса.
Примери:
Војниците ги вкопаа топовите.
Слично со:
зарие (св.)
2.
(се вкопа) Се зарие во земјата.
Примери:
Кртот за час се вкопа во земјата.
Слично со:
заринка (св.)
3.
(се вкопа) Се смести, се утврди во окоп, во ров.
Примери:
Војската се вкопа од другата страна на реката.
Слично со:
утврди (св.)
Изведенки
1.
вкопува несв.
(се) вкопува
(се) вкопува
2.
вкопување ср.
глаг. им.
глаг. им.