во
Вид збор: Предлог
Ранг: 1
1.
Просторно значење - означува дека нешто се наоѓа внатре, во некоја средина или се случува внатре, во рамките, во границите на нешто.
Примери:
Рацете ги држеше во џебовите.
Децата трчаа во трлото.
Пишуваше во тетратката.
Седи во фотелјата и пие чај.
Ловеа риби во реката.
Живее во Долна Долина.
2.
Просторно значење - упатеност, насоченост, правец.
Лете доаѓа во родното место.
Искачија во коријата кај црквичето.
Мајсторот влезе во магацинот.
Тргна во лов.
3.
временско значење
Англиски:
in
во ноќна доба
во мај
Селаните одмораа во квечерините.
Во сабота навечер беше свадбата.
Мечтаеше длабоко во ноќта.
Во младоста беше немирен дух.
4.
начинско значење
Англиски:
in
Зборуваа во четири очи.
Трчаа во групи.
Жените свикаа во еден глас.
Војникот застана во став „мирно“.
Групата се подели во двојки.
5.
Посочување на особено карактеристичен дел од телото.
Англиски:
in
Дебел е во вратот.
груб во лицето
црвен во ушите
Тој беше ситен човек, но силен во рацете.
6.
Премин од една состојба во друга; претворање.
Селото прерасна во гратче.
Сиот се претвори во уво.
7.
определба
Нив ги вбројувам во моите најлути непријатели.
Нашиот спортист спаѓа во десетте најдобри во Европа.
8.
Состојба и употреба.
шеќер во прав
Долго беше во недоумица што да прави.
Тој е во години.
лек во (вид на) капсули
рибино масло во зрнца
9.
Количество единици со кое нешто се мери или се избројува.
комедија во три чина
научен собир во четири сесии
10.
Облека, наметка, обвивка со што некој е облечен или нешто е завиткано.
Се облече во новиот фустан.
Главата речиси целата му беше напикана во рунтава шубара.
Купи бонбончиња во шарена обвивка.
Подарокот го завитка во украсна хартија.
11.
Кога именката е членувана.
Секогаш беше светнат во чевлите.
Во лицето се гледаше целиот негов живот.
Во шкафот под клуч го чуваше слаткото.
12.
Кога именките не се членувани - кога почнуваат со в, ф.
Во вода влегува кога нема никој на плажата.
Одејќи замислена шлапна во вир.
Лебот го печеа во фурни што им беа во дворовите.
13.
Кога именките не се членувани - кога се истакнува она што го означува именката.
Во куќа сум живеела, а во зграда не.
Во лице му кажа што мисли, а не зад грб.
Во море сум се капела, но во река - не.
14.
Со називите на деновите од неделата - во вторник - секој вторник.
Во сабота планинарам.
Во недела ни доаѓаше на гости.
15.
Со називите на деновите од неделата - во вторникот - минатиот вторник.
Во четвртокот се вратив.
Во петокот била свршувачката.
Во средата го положив последниот испит.
16.
пред заменките
Имам верба во тебе.
Се вљуби во неа веднаш.
Восхитено гледаше во него.
17.
Ако именката има определба претставена преку придавка, број, прилог.
во широките дворови
во две села
во повеќе случаи
Во сечија полза ќе биде ако така направиме.
Изрази
Се најде во небрано - непријатна ситуација.
Во глувчова дупка - во тајно, скришно место.
Му влезе во играта - му ги откри намерите.