воденица
мн. воденици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2748
Објект покрај река во кој се меле пченица и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата.
Примери:
Бегаше од шумот на воденицата.
По реката има неколку воденици.
Слично со:
мелница (ж.)
Изрази
Меле како празна воденица - зборува постојано, без прекин, за сѐ и сешто.
Празна воденица - лице што зборува многу или зборува глупости, дрдорко.
Ја врти водата на (својата) воденица - ги врти работите во своја корист.
Изведенки
1.
воденичка ж.
мн. воденички
дем.
мн. воденички
дем.
2.
воденички прид.
воденичкиот
Пример: воденички камен
воденичкиот
Пример: воденички камен