а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

возраст

мн. возрасти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1849
1. Временски период од животот, од развојот на човекот.
Англиски: age Албански: moshë
Примери:
најрана возраст
детска возраст
поодмината возраст
училишна возраст
2. Број на години од раѓањето на човекот или создавањето на нешто до определен момент.
Англиски: age Албански: moshë
Примери:
Бевме на иста возраст со него.
Во секцијата членуваат лица на различни возрасти.
Откривањето на возраста кај одделни народни умотворби е сложен проблем.