а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

волна

мн. волни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4972
1. (едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили).
Англиски: wool Албански: lesh
Употреба: Биологија
Примери:
Го галеше јагнето по меката волна.
Ги вардеше овците да не си ја оскубат волната низ шипјето.
2. (едн.) Истрижени влакна што се обработуваат во вид на суровина и се користат за изработка на посебен вид текстил.
Англиски: wool Албански: lesh
Употреба: Земјоделство
Примери:
Предеше волна на дрвена фурка.
Ја попарија волната.
Имаше работилници за чистење и влачење волна.
3. Испредени нишки од влакната што се употребуваат за плетење или ткаење.
Англиски: wool Албански: lesh
Примери:
На ѕидовите беа закачени килими со остра волна.
Носеше капа од најмека волна.
4. Вид ткаенина изработена од испредените нишки.
Англиски: wool Албански: lesh
Примери:
Сите беа облечени во широки мантии од валана волна.
Имаше кожено палто со волна однатре.
5. Густо израснати влакна по некои делови од човечкото тело или на целото тело.
Англиски: hair Албански: lesh
Употреба: Анатомија
6. Стаклена волна - вид изолационен материјал од тенки стаклени нишки за изолација на топлина и звук.
Англиски: rock wool Албански: lesh
Употреба: Архитектура и градба
Изведенки
1. волничка ж.
мн. волнички
дем.
2. волниште ср.
мн. волништа
аугм.