волја
(едн.) волјата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 847
1.
Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не.
Примери:
Никој не можел да ја скрши неговата челична волја.
Само мојата волја определува што ќе ми се случува.
2.
Желба, намера, расположение; сопствен избор.
Примери:
Немам волја за ништо.
Беше изгубил волја да зборува.
Ја потискаше некаква зла волја.
Прави како што ти е волја.
Во домот некој не смееше да има своја волја, свои мисли.
Слично со:
желба (ж.)
3.
Стремеж, поттик за извршување нешто, за постигнување определена цел.
Примери:
Без волја за живот се подготвувала за умирачка.
Тоа ѝ даде сила и волја да живее.
Слично со:
стремеж (м.)
4.
Одлука, заповед, наредба, дозвола, согласност за нешто.
Англиски:
decision
Албански:
vullnet, urdhër
Јас ќе ја исполнам вашата волја.
Прифати да биде извршител на нивната волја.
Со ваша волја, ќе раскажам сѐ по ред.
Без волјата на стопанот никој не можеше да продре внатре.
Слично со:
наредба (ж.)
Изрази
Не ми (ти, му...) е по волја - не ми се допаѓа некој или нешто.
Преку волја - без волја, без желба, со сила.
Железна волја - цврст, силен карактер.
Божја волја - по волја на Бога.