воопшто
Вид збор: Прилог
Ранг: 324
1.
3емено општо, како општа појава, без оглед на посебни случаи.
Англиски:
generally
Албански:
përgjithësi
Тој пишува за животот на селото воопшто.
Уметноста воопшто го облагородува човекот.
2.
Во основа, во начело; барем малку.
Примери:
Дали е тоа воопшто остварливо?
Знаеш ли ти воопшто што зборуваш?
Прашање е дали тој воопшто учествувал во тоа.
3.
Во никој случај, никако, никогаш (во одречни реченици).
Англиски:
absolutely
Албански:
absolutisht
Тоа воопшто не беше лесно.
Не сакал воопшто да разговара со него.
Тој речиси воопшто не можеше да спие.