а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

воопшто

Вид збор: Прилог
Ранг: 324
1. 3емено општо, како општа појава, без оглед на посебни случаи.
Англиски: generally Албански: përgjithësi
Примери:
Тој пишува за животот на селото воопшто.
Уметноста воопшто го облагородува човекот.
2. Во основа, во начело; барем малку.
Англиски: at least Албански: të paktën
Примери:
Дали е тоа воопшто остварливо?
Знаеш ли ти воопшто што зборуваш?
Прашање е дали тој воопшто учествувал во тоа.
3. Во никој случај, никако, никогаш (во одречни реченици).
Англиски: absolutely Албански: absolutisht
Примери:
Тоа воопшто не беше лесно.
Не сакал воопшто да разговара со него.
Тој речиси воопшто не можеше да спие.
4. Сосема, целосно (со негација).
Англиски: at all Албански: fare
Примери:
Тој воопшто и не прашал.
Воопшто не влегоа таму.
Воопшто не те разбирам.