вооружен
вооружени
Вид збор: Придавка
Ранг: 3676
1.
Што има, што е снабден со оружје.
Примери:
вооружена придружба
вооружени војници
2.
Што се врши со оружје.
Англиски:
armed
вооружена борба
вооружено востание
вооружена кражба
3.
Што има, што располага со нешто.
Примери:
Пристапи кон расчистување на определени поими вооружен со авторитетот на евангелското слово.
Изрази
Вооружена сила - војска.
Вооружен до заби - снабден со многу оружје.
Изведенки
вооруженост ж.