воспита
воспитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 26352
1.
Изврши свесно влијание во формирањето на нечија личност (обично на некој помлад), во развивањето на нејзините физички, умствени и морални особини и способности.
Примери:
Тој ги воспитал своите деца во спартански дух.
2.
Научи, привикне некого на нешто.
Примери:
Ме воспитале на послушност и трудољубивост.
Партијата ги воспитуваше своите членови на борбеност.
3.
(се воспита) Се развие, се оформи како личност.
Примери:
Јас сум се воспитувал во градска фамилија.
Моите другари се воспитувале во поинакви услови.
Изведенки
1.
воспитува несв.
(се) воспитуваат
(се) воспитуваат
2.
воспитување ср.
глаг. им.
глаг. им.