враг
мн. врагови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6571
1.
Според верските претстави, натприродно суштество што е олицетворение на злото.
2.
непријател, противник
Примери:
На повидок е врагот, постројте ја војската.
Цел еден век како врази се меркавме.
Слично со:
непријател (м.)
3.
Итар, духовит човек.
Примери:
Враг беше стариот, а и часовите умееше да ги направи многу интересни.
Често се случуваше некој од тие врази да измисли некоја игра.
Изрази
Да (го) носи врагот - нека оди по ѓаволите.
Враг(от) да (го) земе - се вели кога ќе се западне во неволја.
Изведенки
1.
враже ср.
мн. вражиња
дем.
мн. вражиња
дем.
2.
вражуле ср.
мн. вражулиња
дем.
мн. вражулиња
дем.