врата
мн. врати
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 219
1.
Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др.
Примери:
Потропа на вратата од одајчето.
Излегува и ја треснува вратата.
Чкртна со вратата.
влезна врата
еднокрилна врата
двокрилна врата
споредна врата
Слично со:
порта (ж.)
2.
Отворот низ кој се влегува и излегува.
Англиски:
entrance
Албански:
derë, hyrje
Застана на вратата од пондилата.
4.
Тесен премин во планински крај, на река, на море.
Слично со:
премин (м.)
Изрази
Влегува на голема врата - без стеснување, во полн залет, со сета сила, сите да знаат и да разберат.
Влегува на мала врата - постигнува нешто по заобиколен, нередовен пат.
Му ја покажа вратата - истера некого.
Зад затворена врата - без присуство на јавноста.
Ние за волкот, а волкот на врата - се кажува за некој што се појавува во моментот кога се зборува за него.
Затвори ја вратата од другата страна - излези надвор.
Изведенки
1.
вратиче ср.
мн. вратичиња
дем.
мн. вратичиња
дем.
2.
вратичка ж.
мн. вратички
дем.
мн. вратички
дем.
3.
вратиште ср.
мн. вратишта
аугм.
мн. вратишта
аугм.