а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врата

мн. врати
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 219
1. Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др.
Англиски: door Албански: derë, portë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Потропа на вратата од одајчето.
Излегува и ја треснува вратата.
Чкртна со вратата.
влезна врата
еднокрилна врата
двокрилна врата
споредна врата
2. Отворот низ кој се влегува и излегува.
Англиски: entrance Албански: derë, hyrje
Примери:
Застана на вратата од пондилата.
3. Пола, крило од мебел.
Англиски: door Албански: derë
Примери:
Врата на шкаф.
4. Тесен премин во планински крај, на река, на море.
Англиски: passage Албански: kalim
Употреба: Географија
Изрази
Влегува на голема врата - без стеснување, во полн залет, со сета сила, сите да знаат и да разберат.
Влегува на мала врата - постигнува нешто по заобиколен, нередовен пат.
Му ја покажа вратата - истера некого.
Зад затворена врата - без присуство на јавноста.
Ние за волкот, а волкот на врата - се кажува за некој што се појавува во моментот кога се зборува за него.
Затвори ја вратата од другата страна - излези надвор.
Изведенки
1. вратиче ср.
мн. вратичиња
дем.
2. вратичка ж.
мн. вратички
дем.
3. вратиште ср.
мн. вратишта
аугм.