вреден
вредни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2858
1.
Што работи со љубов и пожртвуваност.
Англиски:
diligent
Албански:
i vyeshëm, i zellshëm
Му се погоди вредна снаа.
Вредно момче мешаше малтер.
вреден работник
вредни раце
2.
Што е способен, кадарен, надарен.
Примери:
Колку што бевме вредни, помагавме.
Проштевајте ако не сме вредни да ве пречекаме.
3.
Што има вредност.
Примери:
Тоа се стари пари, многу вредни.
Купил вредна уметничка слика.
4.
Што е достоен за нешто, заслужува нешто.
Англиски:
deserving
Албански:
i vlefshëm
Тој е вреден за награда.
Да дадеме неколку констатации, вредни за одбележување.
Изрази
(разг.) Еден ама вреден.
Изведенки
вредно прил.
Пример: Вредно учи. Вредно работи.
Пример: Вредно учи. Вредно работи.