врел
врели
Вид збор: Придавка
Ранг: 1839
1.
Што е многу топол, жежок.
Примери:
врела вода
врело кафе
врела пепел
врела смола
Слично со:
жежок (прид.)
2.
Што е страстен, што изразува силно чувство.
Примери:
врела љубов
врела душа
врел шепот
врел поздрав
Слично со:
страстен (прид.)
Изведенки
1.
врело прил.
2.
врелост ж.
врелоста
врелоста