а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вреќа

мн. вреќи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1930
1. Вид голема торба од коноп, платно или најлон, за пренесување или чување зрнеста или ситна стока.
Англиски: sack Албански: thes
Примери:
Стави брашно во вреќата.
Јутена вреќа со компири.
2. Количина од нешто колку што собира една вреќа.
Англиски: sack Албански: thes
Примери:
Седум вреќи ореви.
Пресејува вреќа брашно.
Изведенки
1. вреќичка ж.
мн. вреќички
дем.
2. вреќуле ср.
мн. вреќулиња
дем. и хип.
Пример: вреќуле брашно
3. вреќиште ср.
мн. вреќишта
аугм.