вреќа
мн. вреќи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1930
1.
Вид голема торба од коноп, платно или најлон, за пренесување или чување зрнеста или ситна стока.
Примери:
Стави брашно во вреќата.
Јутена вреќа со компири.
2.
Количина од нешто колку што собира една вреќа.
Примери:
Седум вреќи ореви.
Пресејува вреќа брашно.
Изведенки
1.
вреќичка ж.
мн. вреќички
дем.
мн. вреќички
дем.
2.
вреќуле ср.
мн. вреќулиња
дем. и хип.
Пример: вреќуле брашно
мн. вреќулиња
дем. и хип.
Пример: вреќуле брашно
3.
вреќиште ср.
мн. вреќишта
аугм.
мн. вреќишта
аугм.