а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

втисне

втиснат; втисни, втиснете; втиснав, втиснаа; втиснал; втиснат; (ќе) втиснев, (ќе) втиснеа; (ќе) втиснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7034
1. Со притискање врз некој предмет направи негов отпечаток во нешто, со притисок остави трага во нешто.
Англиски: imprint Албански: shtyp
Примери:
Неговите стапалки ги втисна во песокта.
2. Запамети, вреже во сеќавање.
Англиски: impress Албански: rikujtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сака да ја втисне во душата нејзината спокојна насмевка.
3. (се втисне) Се смести во тесен простор.
Англиски: cram Албански: shpërngul
Примери:
Се втисна во аголот.
Изведенки
1. втиснува несв.
(се) втиснуваат
2. втиснување ср.
глаг. им.