гардероба
мн. гардероби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9217
1.
Дел од мебел во којшто се чуваат алишта.
Примери:
Во спалната немаше место да се стави гардероба.
2.
Целокупна облека на едно лице.
Примери:
Жената имаше навистина богата гардероба.
3.
Простор со закачалки во некој објект (театар, кино) предвиден за оставање капути, мантили, палта и други лични работи на посетителите.
Примери:
Пред гардеробата во театарот се направи голема мешаница.
4.
Место за пробање во продавница за облека.
Примери:
Влезе во гардеробата за да го проба фустанот.
5.
Место предвидено за привремено чување торби и други лични работи со клуч на железничка или автобуска станица.
Англиски:
locker
Албански:
dollap me kyç
Торбата му беше заклучена во гардеробата на железничката станица.
6.
Просторија во театар во која уметниците се преоблекуваат и се подготвуваат за настап.
Примери:
По претставата, во гардеробата му пристигна писмо.