а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

геронтологија

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што се занимава со процесот на стареење, со социолошките и со економските проблеми на старите луѓе.
Англиски: gerontology
Употреба: Медицина
Примери:
Тој живеел 102 години и бил пионер во полето на геронтологијата.
Геронтологијата е научна дисциплина што ја проучува староста кај луѓето и сите промени кои доаѓаат со тој процес.