а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гипскартон

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Картониран гипс што се користи за внатрешно уредување на простории.
Англиски: plasterboard
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Фирмата изработува и гипскартон.
Гипскартон облогите се покажаа како одлично решение за нашиот дом и деловен простор овозможувајќи лесно моделирање и комбинирање на просторот во кој живееме и работиме.
Изведенки
гипскартонски прид.
гипскартонскиот
Пример: гипскартонски работи