глазура
мн. глазури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 23132
1.
Слој од сјајна смеса со кој се премачкуваат определени предмети заради поголема цврстина, непропустливост или сјај.
Англиски:
enamel
Албански:
glazurë, smalt
Керамичките садови имаа сјајна глазура.
2.
Слој од чоколада или шеќер со вода со кој се премачкуваат торти и колачи.
Примери:
Тортата беше прелиена со чоколадна глазура.
3.
Маска на лицето или во однесувањето, извештачен изглед.
Примери:
Глазурата и се изгуби, маската и падна.