а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

глув

глуви
Вид збор: Придавка
Ранг: 2660
1. Што е лишен од слух, што не слуша.
Англиски: deaf Албански: shurdhët
Примери:
Не знаеше дека далеку се слуша неговиот барабан, бидејќи беше глув и на двете уши.
2. Што е рамнодушен, бесчувствителен.
Англиски: insensible
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа беше глува за лелекот, слепа за очајот.
3. За звук - што е нејасен, придушен, тап.
Англиски: muffled
Примери:
Бучењето на ехото беше сега поглуво и пострашно.
4. Што е тивок, пуст, празен.
Англиски: empty
Примери:
глува вечер
глуво утро
глува улица
Изрази
Глува доба/Глуво време /Глува ноќ - доцна, длабока ноќ.
Изведенки
глуво прил.
Пример: Неговите зборови глуво одекнаа во ноќта.