а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

глушец

мн. глувци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2256
1. Мал глодач со долга тенка опашка што живее во близина на луѓето или во полињата.
Англиски: mouse Албански: mi
Употреба: Зоологија
Примери:
полски глушец
2. Додаток поврзан со компјутер што служи како помагало во работата.
Англиски: mouse Албански: maus
Употреба: Технологија
Примери:
Глушецот се расипа.
Изрази
Од глушец посилен - слабак.
Во празен амбар глушец не влегува.