глушец
мн. глувци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2256
1.
Мал глодач со долга тенка опашка што живее во близина на луѓето или во полињата.
Примери:
полски глушец
Вид: глодач (м.)
2.
Додаток поврзан со компјутер што служи како помагало во работата.
Примери:
Глушецот се расипа.
Изрази
Од глушец посилен - слабак.
Во празен амбар глушец не влегува.