готви
готват; готвел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2375
1.
Прави, врши подготовки за нешто.
Примери:
Селаните му готвеа голем пречек.
Слично со:
подготвува (несв.)
2.
Приготвува, прави јадење.
Примери:
Невестата готвеше цел ден за да ги пречека гостите со најубави јадења.
3.
(се готви) се подготвува, се токми
Примери:
Се готвеа кошови со леб за да се носат горе на позиција.
Слично со:
токми (несв.)
4.
(се готви) Има намера да прави нешто.
Примери:
Држеа во рацете алатки за работа и се готвеа да се растурат по полето што се запечуваше.
Слично со:
намерава (несв.)
Изведенки
готвење ср.
глаг. им.
глаг. им.