а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

градба

мн. градби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2492
1. Градење некаков објект, ѕидање, изградба.
Англиски: construction Албански: ndërtim
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Застана среде градбата и фати да витка цигара.
2. Објект што се гради или изграден објект.
Англиски: building Албански: ndërtim
Примери:
Му паднаа ѕидовите на градбата, и тоа не на некоја обична куќа или конак, ами баш на црква!
3. Конституција на тело.
Англиски: constitution Албански: ndërtim, konstitucion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Беше со слаба и ковчеста градба.
4. структура, строеж, состав
Англиски: structure Албански: ndërtim, strukturë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Според граматичката градба, речениците се лични и безлични, активни и пасивни.