градба
мн. градби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2492
1.
Градење некаков објект, ѕидање, изградба.
Примери:
Застана среде градбата и фати да витка цигара.
2.
Објект што се гради или изграден објект.
Примери:
Му паднаа ѕидовите на градбата, и тоа не на некоја обична куќа или конак, ами баш на црква!
3.
Конституција на тело.
Примери:
Беше со слаба и ковчеста градба.
4.
структура, строеж, состав
Примери:
Според граматичката градба, речениците се лични и безлични, активни и пасивни.