граница
мн. граници
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 218
1.
Линија што разделува држави, области и сл.
Примери:
државна граница
општинска граница
граница меѓу две села
граница меѓу поседи
Слично со:
меѓа (ж.)
2.
Замислена линија што разделува појави, поими и сл.
Примери:
на граница на реалното
граница меѓу сонот и јавето
Слично со:
раб (м.)
3.
Крајна точка до која може, смее да се стигне, да се дозволи нешто.
Примери:
на граница на издржливоста
до крајна граница
Слично со:
лимит (м.)
4.
Вид даб со глуждовито стебло и со желади што висат на долги дршки на гранките.
Вид: даб (м.)