грне
мн. грниња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 5435
Земјен сад што се користи за подготвување храна.
Англиски:
pot
Грнето со грав тивко вареше на огинот.
Вид: сад (м.)
Изрази
Се стркалало грнето, си го нашло капачето - се нашле двајца што си одговараат.
Не си грне да се скршиш - ништо нема да ти биде.
Ѓупско грне - човек што јаде се, ненаситен.