а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

далеку

Вид збор: Прилог
Ранг: 342
1. На голема оддалеченост.
Англиски: far Албански: larg
Примери:
Појде далеку од дома.
Нечиј глас доаѓа од далеку.
Сум те гледал со восхит од далеку.
2. На големо временско растојание.
Англиски: far ago Албански: më parë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Далеку е она време кога полковникот влегуваше во нејзината соба.
3. Многу, во голема мера.
Англиски: far away Албански: larg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Далеку повеќе постигнува.
Далеку пообемно дело.
Изрази
Далеку да е - да не ни се случи нам.
Ни од далеку - никако, на никаков начин.
Остави далеку зад себе - постигне голема предност над некого.
Отиде далеку - постигне големи резултати, големи успеси; претера.
Подалеку од него! - избегнувај го.
Изведенки
1. далечко прил.
дем.
2. далечку прил.
дем.