двоен
двојни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2936
1.
Што е составен од два еднакви дела, члена или од два предмета.
Англиски:
double
Двоен прозорец.
Двојна стража.
Слично со:
чифт (прид.)
2.
Што е двапати поголем.
Англиски:
double
Двојното убиство го сторил во состојба на делумна пресметливост.
Двојна загуба.
Двојна порција.
3.
Што се спроведува, што настанува на два начина.
Англиски:
double
Двојно книговодство.
Двојна природа.