деградација
мн. деградации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 17456
1.
Губење на веќе стекната позиција, паѓање на понизок ранг, снижување на понизок степен.
Англиски:
degradation
Албански:
degradim
Промената на работното место за него значеше казна и деградација.
2.
Назадување, губење на одделни позитивни својства.
Англиски:
degradation
Албански:
degradim
Во романот е претставена моралната деградација на човекот.
Ние ќе се бориме против деградацијата на нашиот труд.